Каква несреќа е овој народ: само што пушти да го фати лесна дремка, еве ги Тврдокорните флеки, го викаат да маршира!

Каква несреќа е овој народ: само што пушти да го фати лесна дремка, еве ги Тврдокорните флеки, го викаат да маршира!
Флеките веруваат дека народот што маршира не може истовремено и да спие, односно дека народот што маршира е буден народ!
Што ќе им е на флеките буден народ!
Фигуративно може да се каже дека Тврдокорните флеки и нивните политички патрони се наоѓаат во специјалното возило на Историјата со кое по стариот пат преку Јурумлери, се клацкаат кон “Идризово”. Осудени се на по сто години строг затвор за велепредавство, за грандиозна пљачка, за убиства на луѓе и за обид за убиство на Македонија.
Маршот за будење на македонскиот народ е марш за аболиција на злосторниците кои меѓу себе се нарекуваат патриоти, маршот е за напад врз затворскиот автобус на Историјата.
Оваа будење е дел од системот за тортура врз народот. Тврдокорните флеки се однесуваат како затворски чувари кои го тероризираат македонски народ со неспиење.
На македонскиот народ му препорачуваме да се напие чај од валеријана или “ксанакс” од пет милиграми и да си го гледа сонот. Ако, меѓутоа, чајот и апчињата не му се доволни, препорачуваме да проба со секс: да им го начука на патриотите, да запали цигара на терасата, па да се врати в кревет и да се обиде да заспие.
Тоа е, браќа и сестри и први братучеди, мои.
Каква аболиција, мајку им ебам, бандитска!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e