Кабранов: Да потсетам за времињата кога за бенигни веќе објавени од поодамна текстови тужеа и добиваа од позиција на власт

Во 2006 кога Груевски стана премиер ги назначи неговиот братучед Сашо Мијалков за прв човек на ДБК и другар му Љупчо Тодоровски за директор на Биро за јавна безбедност. Колегата Љубиша Арсиќ со кого тогаш работевме во ТВ Канал 5, направи за вестите портрет за нив, односно што во медиумите има пишувано за нив во претходните години.

Веднаш се огласија двајцата со кривични пријави за нас двајцата, демек сме ги клеветеле (клеветата не беше декриминализирана). Јас бев на одмор и таму ме најдоа тогашни весници на МПМ за коментар зошто сме клеветеле, ЗНМ НЕ БЕКНА, МОЛЧЕА. Завршивме на суд и јас и Љубиша. Во меѓувреме Тодоровски ја повлече кривичната пријава а Мијалков тераше до крај. Судијката на крај мене како главен уредник ме ослободи а Арсиќ го осуди на 5 илјади марки мислам беа тогаш, иако во текстот беа извадени цитати за нив од Дневник и уште неколку медиуми, но тоа не беше уважено од судијата.

Ова го пишувам, не да бранам или напаѓам околу сегашниве закани за тужби на новинари, но само да потсетам на тие времиња кога за бенигни веќе објавени од поодамна текстови на кои тие не тужеле, од позиција на власт новинарот беше осуден. Казната, се снајдовме, новинарот му ја плати на Мијалков.

Добро е што се сега други времиња, клеветата е декриминализирана, но ми пречи што тогаш еснафот молчеше скриен во глувчешка дупка а сега скокаат уште на не докрај расчистено, клевета ли е, или не е, што објави порталот Инфомакс. ОК да браниме, ама што ако испадне лажна вест. ЗНМ, МАН, АВМУ веднаш скокнаа – тужење не, а ако испадне напишаното лага тогаш што, така ли ќе се бориме против лажни вести сега.

Јас секогаш сум бил за слобода на говор, затоа и застанав зад новинарот Арсиќ тогаш оти тоа што во портретот за нив беа објавени, беа вистинити работи, но нема да подржам објавување лаги ако се докаже дека истото биле измислици.

Фејсбук статус на Ацо Кабранов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e