Јовановиќ: Не само што епидемијата е глобална, туку сите заедно сме вллетени/вмрежени во заеднички свет

Стигнаа нови Фајзер вакцини. И сега сфаќаме дека не само што епидемијата е глобална, туку сите заедно сме вллетени/вмрежени во заеднички свет. Капацитетот на живите да влијаат едни на други може да значи понекогаш прашање на живот и смрт. А ресурсите, видовме, не се делат подеднакво, што од друга страна ни кажува дека пандемијата беше и се’ уште е приказна на нееднаквоста.
Од денешна перспектива сфаќам колку многу нашата влада зимоска се трудела, заедно со премиерот Заев, да ни испорача вакцини. Можеби беа наивни во вербата дека Ковакс механизмот ќе биде систем во кој ќе можат подеднакво да се сервисираат богатите и сиромашните. Но, сега, тоа не е важно; повеќе е важно тоа дека во оваа влада – иако се работи за мала земја со релативно мали ресурси – постојат луѓе кои работат и се надеваат на заеднички свет, го одржуваат во погон, а понекогаш не се во него.
Можеби немаме толку многу пари и ресурси како богатите земји, можеби бевме тргнати на страна заради некаков колонијален расизам, или можеби бевме презрени и тргнати на страна, ама морам да констатирам дека владата на Заев, после се’ што поминавме “во” и “со” пандемијата, ми дава надеж дека не само што веруваат, туку и’ дека работат на пораката која гласи, “Заедничкиот свет мора да биде заеднички”.
И уште ми е подраго што вакцини стигнуваат во големи количини. Вакцини за сите, затоа што заедничкиот свет мора да биде заеднички.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e