Поради социјалните медиуми денес вестите се убрзуваат до таа мера што сите се во еден вид на агонија и нервоза, а најчесто тоа се оние луѓе кои се занимаваат со политика. Случувањата порано се одвиваа од вести до вести, од дневник до дневник, од излегување на еден печатен број на весник до излегување на друг печатен број на весник. А денес 24 часа нешто се случува, и нервозата е присутна на сите страни.
Ама се разбира, тоа не е оправдание за да не ги прокоментираме изјавите на Мицкоски и Заев околу договорот со Бугарите. Имено, Мицкоски во својата глава нема свест за дијалог, па мисли дека Преспа е капитулација, очекува “капитулантски” да биде договорот и со Бугарија. Ниту за едниот мировен договор нешто разбира, ниту за другиот мировен договор разбира. Важно му е само ние да сме лошо, и како народ, и како граѓани и како држава, па во таа ситуација мајчиниот очекува нешто и за себе.
Од друга страна го имаме Заев кој се обидува ништо да не’ суети, туку секогаш бара дијалог за сите горливи и трауматични прашања со соседите. Бара човекот шанса за дијалог, а кога Заев бара дијалог, тоа значи дека на сите нам ни дава шанса да не се гледаме преку нишан. Знае премиерот дека таквата состојба (да се гледаме преку нишан) е болна и патолошка. И тоа е нешто кое мора да го надминеме.
Мислам дека е добро што Заев продолжува да ги води разговорите со соседна Бугарија. Баш како што и самиот верува дека второто име на Европа е мир (и дијалог).
ФБ статус на Ненад Јовановиќ