Јовановиќ: Мицкоски се плаши да ја спомне Украина, се плаши да заземе став

Мицкоски во Само вистина се плаши да ја спомне Украина, се плаши да заземе став, правдајќи се дека “ние сме мал и мирољубив народ”, демек со сите сме биле, тоа сака да ни каже. Ние сме со сите, односно неговата партија има став дека играме политика и со џелатите и со жртвите, само чекаме како ќе се наместат коцките, тоа сака да ни го каже Мицкоски. И секое конкретно прашање за Украина го врти така што дере по Владата како некоја баба.
Аман човеку, тоа го знае секој еден.
Како прво – идејата е што Мицкоски како политичар ЌЕ НАПРАВИ за подобар живот на граѓаните. И второ – идејата е да каже кого поддржува во конфликтот меѓу Русија и Украина.
Оти ако му е жал, ако навистина му е жал како што и самиот вели, тогаш треба да знае да каже за кого и за што му е жал.
Од каде да знаеме што жали? Може се жали себе мислејќи на војната, нели?

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e