Јовановиќ: “Едно општество за сите” е важен цивилизациски исчекор

Владата на Заев има конкретни мерки: економија, здравство, судство, образование, екологија… Ги читам приоритети на владата и разбирам дека ќе се создава еден инклузивен, вклучувачки процес за СИТЕ граѓани. Сфаќам и тоа дека Северна Македонија може да биде идеја, сон, промислување, цивилизациски исчекор, грижа за ранливите, слабите. Северна Македонија дава надеж и шанса, а тоа е она што денес ни е најпотребно. Таа питомост, таа инклузија и грижа може од нас да направи подобри луѓе, а со тоа сите ние може да направиме подобро општество за СИТЕ.

“Едно општество за сите” е важен цивилизациски исчекор, незапаметен досега во поновата историја на државата. За тоа се живее, тоа треба и’ да се негува.

Тоа денес го исчитувам како врвен приоритет на владата на Заев. И на тоа велам “Амин”.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e