Светските медиуми објавуваат дека Австралија ќе биде првата земја што ќе го искорени ракот на грлото на матката со ХПВ вакцинација и редовен скрининг.
Во Македонија, се запнале дека ХПВ вакцините се дел од теорија да им го сотрат семето. Заедно со авионите што прскаат и патлиџаните од Албанија. Не се секираат оти вакцината против рак од Русија што ја примил некојси Србин ќе ги спаси.
Дезинформациите ни се сериозен проблем. Стравот од знаење уште поголем. Мора под итно да се работи на образовниот систем, неформалното образование и доживотното учење. Помалку историја, повеќе епистемиологија.
ФБ став на Ивана Јордановска
