Јавен апел од МПЦ и ИВЗ

-Деновиве социјалните мрежи се полни со говор на омраза и повици за насилство врз ЛГБТИ луѓето. Месец јуни секаде во светот е месец во кој на различни начини се одбележува борбата за правата на оваа заедница. Во нашата земја оваа година освен редовниот Викенд на гордоста ќе се одржи и Парада на гордоста. ЛГБТИ заедницата во овој период ќе го практикува своето загарантирано право на јавен собир.

Како некој кој редовно ги следи состојбите со хомофобичен итрансфобичен говор на омраза можат да кажам дека овие неколку недели сите ние како активисти, но и самата заедница е изложена на радикален говор на омраза, закани, навреди, но и повици за линч и насилство и тоа во најголем дел во име на Бога. Мониторирајќи ја досега состојбата можам слободно да кажам дека најголем дел од говорот на омраза и повиците за насилство се искажани во име на православието, во име на православниот Бог или од страна на луѓе кои се декларираат како православни христијани. Сепак, не се занемарливи ни ретоирките во име на исламот.
МПЦ и ИВЗ не се некои мали и тајни верски здруженија туку сериозни институции кои имаат ОДГОВОРНОСТ да го превенираат насилството (вербално, психолошко и физичко) кое се практикува во нивно име. Тие имаат ОБВРСКА да ги учат своите верници на исправни вредности и етика која исклучува какво било однесување кое оди на штета на друго човечко битие, а камоли на цела група на луѓе.
Чекав точно 10 дена на каква било реакција од двете најголеми верски заедници, но тие молчат. МОЛЧЕЊЕТО Е ОДОБРУВАЊЕ! Токму затоа, апелирам во најскор можен рок МПЦ и ИВЗ да излезат во јавност, да ги осудат овие реторики и да ги демобилизираат сите насилници кои во нивно име лепат слики од Хитлер, раскажуваат во детаљи како живи ќе не` горат, не` испраќаат во логори служејќи се со цел репертоар од навреди и омраза каков што нема ни во најсочните кафански кавги. Во спротивно вие станувате соучесници не само во кршење на човековите права на една група луѓе, кршење на законите на оваа држава туку и кршење на религиските учења, принципи и вредности.

Ирена Цветковиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e