Ако не ја платам сметката за струја јас ќе одговарам.
Ако закаснам со ратата за кредит јас ќе одговарам.
Ако претекнувам на полна линија јас ќе одговарам.
Ако не работам како што треба јас ќе одговарам.
Како тогаш никој не бара одговорност за еден ваков пропуст?
Не да се дрнда по медиуми, не да се држат пресови и да се плука по партискиот противник, не да се зборува од собраниската говорница. Туку да се направи сериозна комисија составена од стручњаци, правници, економисти, инжињери, … и да се открие каде е направена грешката. Некој направил грешка. Голема грешка. Не за тендерите криминално доделени, не за митото и рекетот, туку грешка во плановите која е запечатена со потписот на одговорното лице. И за тоа треба да одговара.
Се додека не се случи во земјава наша да се одговара за големите грешки и пропусти ќе си имаме политичари кои наоколу ќе одат и “најодговорно” ќе изјавуваат дека прават се како што треба а граѓаните ќе ги плаќаат и сопствените и нивните грешки.
Значи: комисија, истрага, идентификување на пропустот, тужба, казна.
Мирјана Најчевска