За сите кои седат надвор по кафулиња, а немаат раздвоеност меѓу себе од метар и половина минимум или се шетаат по трговски центри и не држат растојание со непознати по паркови и слично, само замислете како вашите баба или дедовци лежат на болнички кревет ставени на апарат за дишење, во најлоша ситуација, само зашто сте им го пренеле вие вирусот, а тие со него не можат да се изборат. Истото се однесува на родителите кои ни се доста повозрасни. Вие може да бидете срцки и да си преживеете, но, тие ќе бидат ставени во МНООООГУ критична ситуација, а потоа ќе плачеме. Само замислете.
Еве ви и фотографии, како тоа изгледа, доколку немате претстава пред очи за тоа. Убаво е времето – да. Но, уште поубаво ќе биде, кога со нашите (пра)родители ќе бидеме заедно на кафе за некое време, кога ќе се смири сето ова.
А во меѓувреме, седете дома. Дома има многу што да се прави.
(фотографиите се преземени од странски интернет-страници на кои пишува дека се одобрени)
ФБ статус на Огнен Јанески