Во вчерашното интервју во “Топ тема” на Телма телевизија, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски неодоливо потсетуваше на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во своите најдобри денови кога без око да му трепне пред целата македонска јавност одговараше “разумен компромис е разумен компромис”. Па, во сличен стил и Мицкоски целото вчерашно интервју го сведе на “избори ќе има кога ќе има услови”. Каква политичка дрскост е да немаш никаков став, никаков конструктивен предлог, никаков критериум и параметар по кој се водиш кон целта да се одржат избори. Или пак целта е воопшто да не се одржат избори и државата да загази во целосна блокада?! Како што започна Мицкоски “ова во кратки црти е долгата приказна накратко”, така и заврши, а од она што го разбравме е дека опозицијата ќе оди на избори тогаш кога светската пандемија ќе заврши, сите ќе бидеме вакцинирани, луѓето ќе станат бесмртни, а ВМРО-ДПМНЕ конечно ќе ја адаптира програмата на новите услови.
- Прво вели дека остава на здравствените експерти и Комисијата за заразни болести да направат проценка кога ќе се создадат услови за избори, иако внимавајте тој бил свесен дека членовите се ПАРТИСКИ поставени директори, ама тој заради својата великодушност одлучува да им верува. Ама ова и не е некое посебно изненадување имајќи предвид дека овој човек во услови на светска пандемија нудеше “свои” (читај партиски) доктори;
- Следствено на тоа, не заборави да истакне дека на здравствените експерти им верува затоа што има родител лекар и знае дека се чесни и под заклетва, ама внимавајте на Филипче-лекарот му верува, ама на Филипче-политичарот баш и не! Кој парадокс!
- Имајќи ја предвид огромната поддршка на Филипче од граѓаните, Мицкоски најдругарски гледа на Филипче како политичар воден од желбата на неговиот партиски шеф Заев, па го предупреди да внимава од витез, да не се претвори во џелат;
- Тврди дека сега не е време за избори, односно дека подобро е избори да се одржат наесен, па по само 5 минути со огромна доза на возбуда прашува дали сме свесни што ќе се случи кога летово кога ќе се отворат сите граници односно кога луѓе од 100 Вухани ќе почнат да патуваат, значи веројатно ќе следи уште покатастрофално сценарио, ама сега на избори никако – ЗНАЧИ ИЗБОРИ НИ СЕГА, НИ НАЕСЕН – ИЗБОРИ НИКОГАШ!
- Уште додава дека на жариштето во Вухан му биле потребно точно 3 месеци да ја зафати цела планета, а сега сме имале 100 активни Вухани, па пресметајте самите како за 3 месеци отсега е подобро време за избори од сегашниот момент и како тоа е во корелација со неговата искрена грижа “изборниот трилер да не стане изборен хорор”?!
- Запрашан како државата ќе функционира без политичка влада и без парламент и како тоа ќе се одрази на демократијата ако владата толку долго остане без контролен механизам и коректив, Мицкоски “конкретен” како и секогаш: “Убеден сум дека може да се најде начин да се излезе од оваа криза”;
- Како коментар на изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека според интерна анкета СДСМ во моментов води со 6% пред ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели не бил битен рејтингот, битно е дека граѓаните не сакаат сега на избори, сакаат наесен, кога ќе ни се мултиплицираат 100 Вухани, ама она што е најбитно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да има избори?!
- Тотално несвесен дека цел свет се адаптира на “новото нормално”, не заборави да се пожали дека не сакал Фејсбук влада со сомнителен кредибилитет – значи дефинитивно ИЗБОРИ 2025 кога сите ќе бидеме вакцинирани?!
- Не пропушти да се претстави како жртва на кампања или како што рече правел злодело затоа што го снимале додека планинари и оди во теретана, а во суштина лежи чиста љубов кон спортот. Каков манипулатор! Не, Мицкоски твоето злодело не е што спортуваш, твоето злодело е што додека сите седеа дома затворени, ти беше единствен привилегиран во државата кој не можеше да се воздржи замислете од спорт. Тогаш не мислеше на оние болните и оние починатите, кои секој ден ги броите. Па уште се обидуваш да купиш емоција и да се претставиш како жртва за да ја покриеш својата разгаленост и ароганција! Сјајно!
- За крај брилјираше, подобро не можеше ни да го заврши интервјуто: “Се чувствувам како пропаднат спортист, а денес некако тие контроверзии од спортот ме следат и во политичката кариера” – ПОЕНТАТА НА ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ВО ЕДНА РЕЧЕНИЦА!
Анализата е преземена од порталот Граѓански збор.
ЛИНК до анализата.