По повод реакциите на социјалните медиуми од вмровските активисти заради поставувањето на албанско знаменце покрај македонското и на Европската унија на работното биро на новиот претседател на Собранието Талат Џафери, реагираше познатиот шоумен и хуманист, Бојан Јовановски, познат како Боки-13:
“Еве ви го Талат кога беше Министер за одбрана во времето на Груевски, еве ви го Талат денеска во собрание!
Истото знаме за кое цел ден зборувате го имал и во својот министерски кабинет во владата на Груевски, па каде бевте тогаш бе фолиранти едни да се буните и да го изразите својот таканаречен револт или тогаш не ви сметаше…. или тогаш не бевте патриоти?!?!” – напиша на Фејсбук Јовановски.