Историја без историја

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ѕвездан Георгиевски за Призма:

-Не можам да кажам дека со некој особен интерес ја следам претседателската изборна кампања. А, сепак, и покрај мојата незаинтересираност, и до мене стасуваат оние веќе папагалски наративи за историското значење на овие избори (како, божем, досега да не  преживеавме цел куп „историски“ изборни процеси). Впрочем, тука некаде лежи и коренот на незаинтересираноста – од премногу создавање историја, едноставно, станува здодевно.

И овие избори се историски потполно еднакво како и повеќето други избори во оваа држава. Значи, не се! И бадијала се приказните дека ако избереме еден, друг или трет кандидат ќе одиме напред, ќе имаме правда, ќе завладее граѓанската држава и слично. Или ако избереме еден, друг или трет кандидат ќе се закочат процесите, ќе завладее криминалот, ќе беснее самоволието и слично. Или ако не се постигне цензусот, власта и опозицијата ќе го изгубат легитимитетот и сите нивни одлуки автоматски ќе станат нелегитимни.

Не. Ништо нема да се случи, без оглед кој кандидат ќе биде избран. Најголемата историска промена ќе биде всушност смената на станарот во резиденцијата на Водно и ништо друго. Ако, пак, не се постигне цензус, тогаш првиот спикер ќе ја врши претседателската функција додека не се избере нов и – толку!

Колумната во целост прочитајте ја на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e