Инфомакс, Република, Курир, … не се медиуми. Ова се пропагандни алатки на една многу валкана, назадна и деструктивна политичка партија – дпмне. Со наплиовот од лаги, дезинформации и написи кои обилуваат со говор на омраза, овие портали нанесуваат голема штета на развојот на слободната мисла во Македонија и воспоставувањето на демократските вредности.
Мислам дека мора да се искористат законите за да запре овој вид на манипулирање на јавноста.
Најдобар начин е да се формира група адвокати кои ќе дадат поддршка на секој оној кој е навреден или наклевете на некој од овие портали. Мора да се поведат што е можно поголем број тужби за навреда и клевета со барање на пристојни парични надокнади.
Најдобро е адвокатите во овие случаи да работат на процент од остварената парична казна.
Мислам дека на ваков начин или ќе ги затвориме овие портали или ќе обезбедиме нивна преобразба во медиуми кои ги почитуваат законите.
Мирјана Најчевска