Да ви кажам нешто: ова со судот не е доказ за нивната моќ, туку е доказ за нивната инфантилност и импотентност.
Знам дека не изгледа така, ама така е.
Тие си ја наредиле работава според замислите на малиот Ѓокица!
Убава игра која, обаче,не може да продолжи кога на вратата ќе се појави учителот.
Каде е учителот!?
Не се секирајте, еве го доаѓа!
Тие ќе ја загубат битката со помош на самите себе и на своите инсталации во судот затоа што ја испумпаа својата одбрана и од најситните моменти на правната држава. И злосторниците и нивните судијки се јавуваат тука како естрадни ѕвездички, како циркузанти, како хохштаплери, недостојни да бидат мафиоти.
Монструми што си ги отсекоа сопствените глави и како коњски модификации си ги фрлија во постелите!
Бранко Тричковски