Апасиев може единствено да биде турбофолк бунтовник, во каубојски чизми да рипа по собраниската говорница. Евентуално може да вози велосипед и да го слуша, што знам, Боб Дилан, да речеме.
Што е важно да се каже денес во овој политички миг: тоа дека имаме Влада, и тоа дека таа не е составувана со месеци, туку е производ на релативно кус рок, веднаш по предвремените парламентарни избори. Во Северна Македонија работата беше јасна: СДСМ и нејзините коалициски партнери, заедно со ДУИ, обезбеди парламентарно мнозинство, за волја на вистината – танко, ама сепак мнозинство кое беше сосема доволно за формирање влада.
Ако го прашувате овој коментатор, ќе видите дека во оваа влада Заев не е самата „содржина“, туку во оваа влада има и други истакнати личности, кои значат многу нешта во нашето општество. Бојан Маричиќ, Мила Царовска, тоа се првите двајца луѓе што доаѓаат од невладиниот сектор, за кои секој барем малку пристоен човек знае каде биле и што правеле со својот политички ангажман. Другите луѓе за кои само непосредно сум слушнал, претпоставувам дека ќе ја оправдаат довербата: младиот и надежен Бочварски, сега веќе бившиот градоначалник на Штип, Радмила Шекеринска – жена борец, голем политички габарит во македонската политика, Никола Димитров, тој расен и шармантен дипломат, Љупчо Николовски, одличен прагматичар и системски организатор на СДСМ, заслужен за кадровската политика на владејачката партија… Сакам да кажам дека политичката констелација во Владата е повеќе од солидна, нетипична, сите ние не сме навикнати на вакви политички „претумбувања“, кои нудат надеж и свежина за нови и системски промени во општеството.
Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниот ЛИНК.