Груевски си „свирка“ – Бавната правда во корист до локалните избори

Пишува Христијан Станојевиќ за порталот Фактор

Никола Груевски може да го оценувате на било кој начин, сакате од некогашен реформатор и технократ кој имаше слатки ветувања за напорна работа 24/7 до корумпиран политичар кој дозволи целото државно раководство да се заплетка премногу во својата огромна моќ и целосно да ја поклопи државната управа со партиска команда. Сепак, тоа што не може никако да му се забележи на Груевски е неговата неуморност и постојаното присуство на терен.

Груевски се уште ужива силна позиција внатре во партијата, можеби не сите го сакаат и почитуваат како некогаш, но барем засега го нарекуваат свој лидер. За волја на вистината за прв пат внатре во ВМРО-ДПМНЕ поголема група на членови се обединија во Републички штаб за реформи во партијата. Тие изготвија повеќе документи, а сметаат дека само преку дебата ќе може да се донесат одлуки кои ќе бидат најдобри за партијата.

Токму тоа го предизвика Груевски да ја посети својата „Империја“, да се смеша со рајата и да им ги чуе маките. Од комитска вечер во Бутер до состанок со месен комитет Елпида Каламанди, Груевски прикажува неуморност и подготвеност постојано да биде меѓу членовите на ДПМНЕ кои пак од него не се откажуваат и тие се тие кои ја имаат „моќта“, слично како математиката – „Изборите ги добивме мнозинството народ е со нас, а против „предавниците од СДС без М“ како што постојано ги нарекуваат своите политички опоненти.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e