Во оваа година им ветувам на сите чесни луѓе дека криминалците (рекетари заедно со оние кои давале поткуп во кеш и целата политички збогатена олигархија) ќе лежат затвор и секоја украдена пара ќе ја вратат.
Ќе донесеме
-Закон за конфискација на нелегално стекнат имот
– Закон за потекло на имот
– Од Кривичниот законик ќе го исфрлиме застарувањето на кривични дела, како и застарувањето на одлежување казна
– строг Закон за конфликт на интереси
-Изборен законик нов за ослободување на државата
Доста беше ценкање за 10% зголемена плата. Парите ни се систематски крадени. До сега ќе бевме барем средно развиена земја , наместо што се влечеме во кал 30 години!
ФБ статус на Солза Грчева