Горан Михајловски: Прибе пуши ли?

По што се гледа дека судот работи како ВМРО-ДПМНЕ да не е на власт? По ништо. Судот уште си работи според тефтерчето на Гоца. Два дена патуваше одлуката за притворите на соработниците на Сашо Мијалков од Апелациониот до Кривичниот суд. По 10 метри дневно, оти меѓу двете згради има 20 метра. Кога го шетаа Заев со лисици за „Глобал“, не го носеа дома да чека Врховниот суд да му ја уважи жалбата.

Томче Кежаровски кога го приведуваа, уште и снимки на телевизиите им делеа да се пофалат како го влечат од дома. За Љубе Бошковски, пак, ич да не збориме. За него чувме како го апсеа. И како сакаа да скријат дека му ставале пиштол во уста. И како договараа медиумска промоција на легнувањето на плочникот и ставањето лисици покрај подвижниот тоалет.

Оние од патарините од „Змиско око“ повеќе од година дена што одлежаа во притвор, само на одлуката на Врховен суд чекаа. И докторите од „Метастаза“. И оние со артефактите од „Фаланга 1 и 2“. Истото судство беше и тогаш. Не е сменето. Или, можете ли да си замислите каде ли до сега ќе ги баравме со потерници оние од Диво насеље, ако за да влезат во притвор се чекаше одлука на Врховниот суд.

А сега, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се жали дека тоа што морал еднаш неделно да се потпишува во судот дека не е избеган било политичка деградација. А тепањето на Радмила Шеќеринска и обидот за убиство на Зоран Заев и Зијадин Села во Собранието на 27 април не беше политичка деградација. Или влечењето и насилното исфрлање на повредени и бремени пратенички на 24 декември 2012. И тоа не беше политичка деградација.

А физичките насилства?
А затварањата на неистомислениците?
А нарачаните напади за новинарите?
А медиумските хајки?
А инспекциите за пиштење и вриштење?

Тоа систематско труење на јавноста цели 11 години не беше политичка деградација, нели? Уништија цели фамилии, уништија бизниси… Море, уништија човечки капитал. Тие што вредеа избегаа, тие што останаа гледаат да фатат државна работа. Луѓето сами се одродија и бугарски пасоши земаа за да бараат подобар живот. Со презирот и омразата што ја сееја кон секаква стручност, направија интелектуален геноцид. И тоа не е политичка деградација. Тоа е човечка деградација.

Впрочем, да сакаа да го деградираат Груевски, ќе го деградираа. 4 Многу ме интересира дали премиерот Зоран Заев повеќе од две години си ја држеше главата во торба, и неговата и на целото семејство, за првиот закон за кој се бара да се донесе по итна постапка да биде измената на законот за пушење? Кај му текнаа вакви реформски потези? Ова мора да е „тројката“ од реформскиот план „3-6-9“. Смената на Зврлевски не е толку итна, како што е пушењето. Може, евентуално, министерството на Роберт Поповски да е поитно за екипирање од пушењето.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e