Горан Михајловски: Чудни вести

ВМРО-ДПМНЕ брутално лаже дека Македонија ќе биде колонизирана од бегалци што ги нема, а СДСМ се прави вицкаста. Демек, им одбива на глупост. Пола Македонија на 15 октомври ќе биде збунета, нема да знае какво ливче заокружува – дали за градоначалник, дали за советници, дали за бегалци, а СДСМ се прави фина и не сака со вистинските зборови да го нарече тоа што ВМРО-ДПМНЕ го наметна како предизборна тема – ксенофобијата и фашизмот.

И највисокото раководство на СДСМ треба секој ден да ги повторува баш тие зборови. А не да ја остават само Мила Царовска љубезно да раскажува дека ВМРО лаже. Да се разбереме. Бегалци нема. И да има, никој нема да сака да остане во Македонија.
Ама стратегија мора да има.
И, да претпоставиме дека цела Македонија ќе изгласа да не примаме бегалци. Што ќе биде стратегијата? Кога ќе дојдат на граница што ќе им правиме?
Ќе ги фрламе во ендек?
Ќе градиме ѕид?
Ќе ги сотреме?
На децата без родители што ќе им правиме?
Ќе ги продаваме за органи?
Значи, ова се прашањата за кои треба да размислува гостопримливиот и топол македонски народ кога ќе оди на референдум.

4.
Иако, митот за гостопримливоста и топлината се разби во моментот кога гевгеличани им наплаќаа на бегалците по 5 евра за да ги наполнат мобилните. А митот дека бегалците ќе нѐ колонизираат и ќе ни ги земат работните места се разби во моментот кога еден од нив рече дека на мештаните им даваат по некое евро оти се многу сиромашни. Од хуманитарните организации што пред две години ги чекаа на граница раскажуваат дека ниту еден од нив не сакал дури ни да преспие во Македонија. Точаци си купуваа во Гевгелија и ги оставаа во Куманово, само што побргу да си заминат од тука. Македонија од бегалската криза пред 2 години ќар виде. Каде отидоа парите од Македонски железници? Еве, да речеме дека општините што ќе одат на референдум ќе изгласаат дека нема да примаат бегалци. Како тие ќе се одбранат од општините што не отишле на референдум и што ќе примат бегалци? Еве на пример, во Карпош нема локации за бегалски станови. Оти локациите се за Стевчо. А Центар ќе ги прими оти веќе има празни станови. Тие што останаа од гласачите во Пустец на „Максим Ѓорѓија“, каде што живееја по 40 луѓе во 60 квадрати. И сега, како чистата карпошова раса ќе се одбрани од бегалците што ќе се населат во Центар? На улицата Франклин Рузвелт, што ги двои двете општини, Карпош ќе изгради ѕид што ќе се вика Доналд Трамп.

колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e