Прво велеа дека државата е нападната од странски служби, па откако ја изгубија власта сега велат дека ВМРО-ДПМНЕ е нападната и се кријат позади партијата. Откако ќе ја изгубат и партијата ќе тврдат дека они лично се нападнати и ќе се кријат позади нивните имиња и презимиња и некогашните нивни функции.
А само се фатени во криминал од екстремно големи разлики и треба да одговараат за тоа. За доброто на Македонија, на секој граѓанин, па и ако сакате за доброто и на нивната партија.
Го чекаме денот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе и се извинува на јавноста за овие 11 години, ќе се дистанцираат од оваа врхушка и во тоа име ќе бараат санкции за Никола Груевски и фамилијата.
Џељо Хоџиќ