-Јавноста, македонските граѓанки и граѓани имаат право да знаат што се случува со нивната држава. Намерно или ненамерно, јавноста „пропушти“ да види дека во тек е подземен атак на правната држава. За што се работи?, пишува Џабир Дерала во својата најнова колумна за Фронтлајн.
-Како што дознавме деновиве, се разгорува подземната кампања чија мета е парламентарниот состав – да не се изгласа Законот за јавно обвинителство. Не е важен бројот на пратеници што се нападнати. Еден нападнат пратеник е како да е нападнато целото Собрание. Не е важно дали некој ги сака или не ги сака, се работи за напад врз демократијата. Пратениците кои сакаат да бидат тоа што се, избраници на граѓанките и граѓаните, чиј фундамент е обврската и правото да гласаат по своја волја, се под невидени закани – тоа е важно. Тие не се под притисок на јавноста или лоби групите што би се обиделе да ги убедат да гласаат вака или онака, туку се нападнати и се соочуваат со теророт што е под диктат на будимпештанскиот азилант, констатира Дерала.
Колумната на Дерала во целост прочитајте ја на следниов ЛИНК.