Глигоров: Македонија е веќе влезена во колотечината на ЕУ преку огромната поддршка на другите земји. Назад – нема

Каков и да биде исходот, ќе биде добар за нас, за Македонија. Власта ќе мора да се потруди посериозно внатре во државата. Животот и стандардот не се еден испит на тема “Влез во ЕУ и НАТО” туку цел “факултет” со бројни испити и колоквиуми. – пишува Венко Глигоров на својот ФБ профил.

В/Д се аут. Тие ни до факултет не стигнаа. Лутаат од едно основно во друго основно училиште наместо проблемите да ги решат внатре во себе прво. Да расчистат со криминалците. Тие треба да го молат СДС да им ја очисти партијата наместо да ги штитат своите. Изгубени се во пресовите, не знаат која година сме, не памтат што било вчера, … Се радуваат на неуспехот на Македонија!!!!???? бљааак

Сепак СДС и ДУИ добија убава лекција (да не кажам заушка). Посебно СДС. Тоа што го ветија и се обврзаа пред сите нас (и САД/ЕУ), освен името (и тоа во полоша варијанта) – речиси ништо не испорачаа. На крајот, ако подобро размислиме, ќе излезе дека ќе треба да му благодариме на Макрон. – смета Глигоров.

Македонија е веќе влезена во колотечината на ЕУ преку огромната поддршка на другите земји. Назад – нема. – констатира тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e