Ѓорѓи Спасов: Мицковски е новиот Влатко Ѓорчев

,,Знае да ги наброи сите општини и села во кои добиле макар еден глас повеќе:) Чешино, Облешево итн. Не разликува претседателски од локални избори:) Во Охрид кандидатот на СДСМ за градоначалник доби близу 4 илијади гласа повеќе од нивниот, а тие го обоија со црвено заради добиени 500 гласа повеќе во трката за претседател..

Гордана Силјановска на овие избори била поразена заедно со народот:) Веројатно од ненародните маси:)) Умот уште не им доаѓа.

Резултатот на претседателските избори бил лош за победниците. Македонија денес се разбудила во нова реалност. Гордана Силјановска била хероината на Македонија, а ВМРО ДПМНЕ е нејзиниот нов дом.

ВМРО ДПМНЕ изгубиле на избори ама успеале:)) Во што никој не знае. А нити тој нити Силјановска немаат срце ниту култура да му ја честитаат победата на Стево Пендаровски и да соопштат дека го признаваат за претседател на државата.

За нив државник беше само Иванов. И туку им завршува демократичноста, културата и човечката ширина.”

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e