Поранешниот висок функционер, Ѓорѓи Спасов, во свој статус на социјалните мрежи потсетува дека тој уште во Јануари месец оваа година, преку колумна на порталот Плусинфо, алармирал дека се случуваат некакви девијантни појави.
,,Уште во јануари ми беше нешто сомнително. И за жал, изгледа бев во право.”
Еве што тогаш напишал Спасов:
,,…уште сега, секојдневно по неколку пати на таа телевизија, се највaува нултиот број на „Инсајдер“ со досиеа за криминал и мафија со конкретни имиња на бизнисмени со надеж веројатно дека тоа ќе ја зголеми гледаноста на емисијата.
Во една од најавите се најавува разоткривање на „градежната мафија“ и пораката завршува со прашањето: „Што се крие зад името Азманов“ – Досие Мафија на квадрат.
Никој не знае што се крие зад тоа име, ама авторите си дозволиле месец дена пред да понудат било каков доказ името на некој граѓанин да го поврзуваат во својата најава со „мафија на квадрат“ во градежниот бизнис.”