Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ злорадо инсистираше дека Македонија сè уште не е членка на НАТО!

-Има разни луѓе на високи партиски функции во земјава, некои од нив со долго, некои со средно долго, а некои без никакво политичко искуство, кои до ден денес не разбраа дека „имотниот лист“ на независната македонска држава се наоѓа во Архивата на Западот. Дури и кога, повремено, некој ќе почне да ги спори меѓите на државава, од тој меѓународен архив се вади „катастарскиот план“ на Балканот и повторно се издава потврда за геостратегиската припадност на нашава македонска „парцела“.

Понекогаш тие „имотно-правни“ спорови биле мачни, траеле со години, оспорувани од разни „дрвени“ и партиски адвокати, со „судски трошоци“ што не биле општествено-политички евтини, но секогаш завршувале со нова заверка на западната припадност на „имотниот лист“ на Македонија. Република Северна Македонија (sic!).

-А понекогаш веќе исцрпените оспорувачи на тоа „имотно право“ биле комично брзо демантирани… На пример, точно во 19 часот и 42 минути, во дуелот со Љупчо Николовски на Телма, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ злорадо инсистираше дека Македонија сè уште не е членка на НАТО; за само 6 минути потоа, во 19:48, ексклузивно (на новатв.мк) да се објави веста дека Шпанскиот сенат, на посебно свикана седница, како последна земја на НАТО, со таа единствена точка на дневниот ред, наскоро ќе го „завери“ нашето формално членство во Алијансата. Таксират!

Целата колумна на Сашо Орданоски на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e