Фрчковски: Од национален интерес е изградбата на Коридор 8

-Коридорот 8 е една трагична приказна и една голема болка, за која непрестано се зборува во различни контекси.

Тука не станува збор само за бугарско-македонските или македонско- албанските односи. Од чисто егоистичен, национален интерес за Македонија е изградбата на тој Коридор. Тоа треба да биде основен приоритет. – пишува професорот Љубомир Фрчовски во анализата за БГНЕС.

-Како земја на крстопатот, веројатно, сите земји ќе се изјаснат како држави на вкрстувањето меѓу Истокот и Западот, меѓу Европа и Азија, но Македонија единствено е на вистинскиот геостратешки крстопат. – се наведува во нализата на професорот.

-Но, она што треба да го направаме, многу побрзо и што е многу посуштинско е да се запознаеме во регионот. На политичко ниво, ние имаме договори, но реално нашите универзитети не соработуваат. Ете, јас предавам во Москва, значи го прескокнуваме регионот. Јас не си ги познавам бугарските и албанските колеги. Во пракса ние немаме реална соработка. Ние треба да имаме секојдневно партнерство. Секој месец бугарски експерти да доаѓаат во Скопје, а јас да одам во Софија. Тоа е соработка, а не политички договори исполнети со детали. Треба да имаме вистинско партнерство, кое таа инфраструктура треба да го стимулира, таа да стане подостапна, полесна, секојдневна…

Јас лично приискам тоа да биде највисоко на приоритетите на македонска страна и тоа вистински да биде реализирано. После тоа да настапи секојдневна соработка. – пишува Фрчовски.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e