Филипче: Лекови без квоти, континуирано, во било кој ден од месецот е стратешкиот план на МЗ

Од денеска, жителите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија ќе имаат лекови во секое време, во било кој ден од месецот. Во екот на туристичката сезона, обезбедуваме непречена достапност на лековите и за жителите и за туристите.

Начинот на издавање на лековите останува ист како и до сега.

Со укинувањето на квотите во аптеките го надминуваме проблемот со недостаток на лекови. Отсега, лековите ги правиме подостапни за пациентите и изнаоѓаме контролни механизми за да нема злоупотреби.

Сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства.

Укинувањето на квотите во аптеките во туристичките региони е првиот чекор кон целосно укинување на квотите, кое треба да се спроведе во целост најдоцна до октомври 2019 година.

Лекови без квоти, континуирано, во било кој ден од месецот е стратешкиот план на Министерството за здравство.
ФБ статус на Венко Филипче, Министер за здравство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e