Тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар е процес за кој јавноста е транспарентно и континуирано информирана.
Нема никаква поента од објавување на информации од страна на Христијан Мицковски кои се достапни до јавноста и за кои веќе информиравме.
Наместо да се занимава Мицковски со нешто што е кристално чисто, нека се позанимава со тоа зошто проект како Скопје 2014 чинеше двојно повеќе, зошто на тендери во јавното здравство се одеше на пониска цена без разлика на квалитет, па добивме лекови со сомнителен карактер, зошто не е промената листата на лекови со партиципација со години, зошто не е извршено реконструкција на болниците, а набавувана е опрема којашто не може да се користи.
Господине Мицковски грабежи имаше само во ваше време, кога бевте и Вие лично дел од владата на Груевски. Овде, ама баш ништо спорно нема и нема да најдете.
Конечно во нашата држава ќе има нов современ клинички центар со кој сум сигурен дека сите ќе се гордееме! По толку најави додека бевте на власт, конечно сега ќе почне нешто да се случува.
Вистинска опозиција треба да критикува, но исто така треба да биде дел од афирмативни процеси во секоја една држава. А токму изградбата на новиот Универзитетски Клинички центар е тоа што на сите многу ни треба, а посебно на пациентите.
ФБ статус на Венко Филипче