Фијат Цаноски кон Груевски: На ден пред Илинден ми го сруши Космос- Нарцисоиден плачко кој не е подготвен да се соочи со резултатите од своите не/дела

„На ден пред Илинден, со динамит Груевски објави диктатура. Можеби понесен од револуционерни побуди или пак од себични нагони на самоуништување – сеедно. На денешен ден пред 8 години се правеше маж, динамитен десничарски демократ. Денес е маж кој ја напушти земјата која ја опустоши. Денес закажува фер борба само на 100 метри со камења – преку Дунав. Користењето на emoji во толкав обем говори само за еден нарцисоиден плачко кој не е подготвен да се соочи со резултатите од своите не/дела.“, напиша Цаноски на својот профил на Фејсбук.

Додаде дека „Космос“ повторно ќе биде изграден, а за Груевски порача дека е „трагедија од човек чие дело не треба да се заборави во историјата“

– Да не се заборави. Не само уништувањето на Космос туку и уништувањето на мојата земја, чиишто вредности ги обезвредни до степен на болест.
Добро е што Космос повторно ќе блесне во сјајот кој му е предодреден. И повторно ќе биде нова општествена додадена вредност. Северна Македонија ќе оди напред. Но, да не се заборави историјата на нашава напатена земја и трагедијата од човек наречен Никола Груевски, за никогаш да не се повтори. Да одиме напред, да е честит Илинден и да живее Северна Македонија!, додава Цаноски.

Фб статус на Фиат Цаноски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e