Цветанов: Мрачните сили од транзицијата, режимот и УДБА ја водат последната битка

Драги пријатели,
изборите во недела не се обични избори.

Во недела е последната пресметка со структурите на УДБА, со транзициските профитери, со сеништата од минатото кои сеуште раководат со нивни кадри во институциите, судовите и обвинителствата.

Во недела е денот!
Во недела е клучната историска одлука!
Во недела се решава помеѓу:
– Сиљановска која што е претставник на мрачните сили кои што не влечат назад во мрачните времиња;
– Пендаровски кој што е претставник на прогресивните сили кои не водат напред, во НАТО, ни гарантираат безбедност, не носат кон ЕУ и ни нудат нормална иднина.

Изборот е Ваш и избирате помеѓу:

– Мрачна доба полна со кризи = Сиљановска
– Просперитетна иднина= Пендаровски

Во недела не се обични избори. Во недела се одлучува за иднината на државата.
Во недела е РЕФЕРЕНДУМ!

Во недела е денот кога народот сам ќе си пресуди.

Пресудата може да биде:
Ослободителна (ослободување од мрачните сили од минатото и бетонирање на трасираниот пат кон НАТО и ЕУ), – со победа на Пендаровски.

Осудителна (осудување со агонија, мрак, безидејност, тапкање во место, неправда, криминал, тортура, уништување на државата), – со победа на Сиљановска.

На овие избори,

НЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА!

ОВИЕ ИЗБОРИ НЕМААТ ВРСКА СО ПАРТИИТЕ!

ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ СУДИР НА 2 КОНЦЕПТИ!

Мрачните сили од транзицијата, заедно со мрачните сили од режимот, во координација со стари структури од КОС и УДБА, како никогаш досега сплотени, ја водат последната битка.
Нивната битка е да изманипулираат со емоциите на одредени луѓе, преку лаги, манипулации и спинови, ветувајки “правда” која што тие истите ја унакажаа, да соберат гласови од неинформирани граѓани, и да го минираат влезот во НАТО.

Вториот концепт е НАТО и ЕУ. Чист како солза. Безбедност, просперитет, развој, напредок, благосостојба.

Изборот е Ваш!

Јас ќе гласам за Стево Пендаровски, а Вие?

Во недела ќе славиме!
Граѓаните ќе изберат просперитет!

А од понеделник, од понеделник не метла, ќе побараме “сабја”!
Ќе побараме сечење на сите конекции од мрачното минато!
Некои папочни врски мора да се исечат, ако навистина сакаме напред!

ФБ статус на Ване Цветанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e