Мицко рече дека во изминатите 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ реализирале 1090 проекти, меѓу кои и 68 училишта, 33 градинки, 206 улици, многу булевари, водоводи, канализации…
Од пуста скромност, тој не спомна дека и изградбата на Калето и Камениот мост во Скопје, Самуиловата тврдина во Охрид, двата аеродрома, автопатот од Табановце до Гевгелија, прилепските Маркови Кули, хидроелектраната Шпилје …и уште нешто „ситно“… исто така се дело на градоначалниците на ДПМНЕ.
Од извори блиски на Александар Николоски дознаваме дека, дури чекале да дојди струјата шо му ја исклучија комуњарите, градоначалниците скокнале до комшии и ги изградиле пругата Шамац-Сараево, каналот Дунав-Тиса-Дунав и скокалниците во Планица. Вредни деца, да не седат бадијала.
ФБ став на Зоран Милошески