Гледам снимки стари по неколку дена, да се вратам во форма, по двонеделниот одмор. Неизбежно, Мицкоски ми се искокнува од архивите на медиумските платформи. И се смеам, што друго? Сѐ уште е опседнат со Заев, не гледа дека него го рушат неговите. Ќе ја уривал владата на рати. Масовни протести ќе имало од септември па натаму. Така и за законот за јазици најавуваше масовни протести преку куртон медиумите (израз на Латас), на 17 март 2018 година. Откако ништо не се случи, пак ги најави на 29 март 2018. Пак ништо. Подоцна, преку истите куртони, најави масовни протести и дека Заев е на колена, на 16 август 2019. Малку подоцна, на 17 октомври 2019 година најави протести „од утре“. Така и сега, ќе вадел „народ на улица“. Ќе рушел. На крај, ми пишува еден мој другар, ќе го срушат и него и ќе остане сам на улица.
По неколкуте акции на охридското крајбрежје со кое се одбележа почетокот на ставање ред со дивоградбите, следен на агендата беше објектот на „Фонтана“ кај Мавровка. Конкретно, ефикасно. Без динамит, без одмазда, според закон.
Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.