Со барања за амнестија нема право и правда во нашата држава.
Услов за отпочнување на преговорите со ЕУ е донесување Закон за Јавно обвинителство кој ќе овозможи право и правда и казнивост на криминалот во нашата држава.
Децидно истакнуваме дека, очајничките обиди и надежите за изнаоѓање на креативни решенија со кои во законот ќе се смести скриена амнестија, ќе бидат одбиени. Залудно е секое инститирање на неказнивост и скриена амнестија.
Право и правда во нашата држава може да има само со продолжување на кривичното гонење и финализирање на судски постапки против сегашни и поранешни високи функционери на политички партии
Шансите за договор зависат од тоа колку ВМРО- ДПМНЕ ќе се држи цврсто до насоките од нивниот менаџер од Будимпешта. Крајно време е Мицкоски да се преиспита што му е поважно: дали европската иднина на нашите граѓани или спасот на оној кој му ја менаџира партијата од Будимпешта.
Фб статус на Рената Дескоска, Министерка за правда