Денеска во Прилеп, среде бел ден, две банди вооружени со пиштоли и ножеви, пукале во кругот на прилепската болница

Панче Тошковски, опкружен со новинари, дава изјава:
„Безбедноста во државата е далеку поголема од тоа што беше до пред две години!“
Следуваше една поединечна реакција од некоја новинарка, но министерот веднаш ја прекина и вели:
„Ама ве молам. Јас не зборувам на памет. Тоа го зборуваат бројките. Тоа го зборуваат граѓаните. Тоа го зборуваат фактите.“
Сум забележал дека таа фраза за ‘бројки’ и ‘факти’ Тошковски редовно ја употребува, а никогаш не изнесува ниту бројки, ниту факти.
А тоа дека зборувале граѓаниТЕ ми е најсмешно. Небаре тој ги слушнал СИТЕ граѓани што велат.
Хор „Распеани граѓани“.
Повод за ова со безбедноста во државата ми беше тоа што предмалку го прочитав во ФБ објава од Зоран Милошески:
Денеска во Прилеп, среде бел ден, две банди вооружени со пиштоли и ножеви, пукале во кругот на прилепската болница. Од комбиња излегувале полицајци, вооружени со автомати. Опсадна состојба, вознемирени пациенти и вработени во болницата, исплашени случајни минувачи и жители на околните куќи.
Ова што се случувало денеска во Прилеп не е факт. За нешто да биде факт, Тошковски треба да каже дека е факт.
ФБ став на Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e