Денеска бевме во хотелскиот комплекс “Џет сет Љубаништа” на Субрата Рој. Гледавме како млазни авиони слетуваат на езерото и како “џет сетерите” уживаат во комплексот од коцкарници, водни паркови и луксузни хотели со 6 ѕвездички.
Седнавме на една тераса со поглед на луксузните јахти и испивме по еден милк-шејк “Џума” (со познатото млеко од 20 илјади крави од агрокомбинатот Џумајлија).
На соседната маса пиеше милк-шејк Париз Хилтон и си намигнавме.
Во тој момент, еден Охриѓанец гласно извикна и ме разбуди од дремката: “Ги исекле тополите, гојда едни гојдосани!”
Жарко Трајановски