Да се биде градоначалник на Скопје, тоа не може да биде неполитичко прашање, не може да биде тоа „јас сум независен“ кандидат, и ако ја прескокнеме (намерно) барокизацијата и груевизацијата на Скопје и Македонија, госпоѓата Арсовска не може да биде некаква веродостојност за некоја иднина на град Скопје.
Една од старите афоризми на Гручо Маркс е онаа која вели: „луѓето ќе почнат да се однесуваат разумно кога ќе ги исцрпат сите други опции“. Од независна, од „космополитика“, од најдобра менаџерка на светот, галаксијата, космосот и Млечниот пат, госпоѓата Арсовска излегува пред скопјани како најголемото разочарување.
Имено, госпоѓата Арсовска, актуелна градоначалничка на Скопје избрана е со јака доза на „груевштина“ – го „кутнаа“ Шилегов со прилично силна сплетка: се појавија еден куп „независни кандидати“ за град Скопје на локалните избори, го расцепкаа гласачкото тело на СДСМ, односно му откинаа 30.000 илјади гласови на Шелегов за да ѝ ги инкасираат на госпоѓата Арсовска. Потоа, приказната сите ја знаете, ама нема грешка да ја повториме.
За волја на вистината, знаеше и Мицкоски дека Арсовска е релативно „неизвалкана“ во политика, практично анонимна, и тоа претставуваше во некоја смисла полн погодок за ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, комплетниот погодок остана празен. Односно испразнет од смисла и суштина: госпоѓата Арсовска е дрска, арогантна, несигурна и прилично лошо се однесува кон медиумите и јавноста како „за мајка“ на најголемиот град во државата. Скопје, сакале вие или не сакале, денес е најразвиена инфраструктура во целата држава. Не само што е најголем град, Скопје за останатите градови е најважната културна, образовна и економска средина.
Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниот ЛИНК.