-Висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ форсирала поделби во општеството, а тие кога ќе дојделе на власт, ќе го обновувале! Голема измама! Во земјата постои судир на два сосема спротивставени концепта за развој на општеството. Едниот е граѓански, на СДСМ и коалицијата, а другиот е национален/националистички, кој заговара национална исклучивост и затвореност, што форсира општествени поделби по многу линии.
Се одржа првиот ТВ-дуел во пресрет на претстојните априлски предвремени парламентарни избори меѓу лидерите на најголемите партии на власта и на опозицијата. Иако е сè уште рано, сепак се забележаа контурите на стратегиите на програмите и на предизборните кампањи на двете партии, меѓутоа и нивото на политичка култура што ќе се манифестира. Уште за време на дуелот искоментирав дека начинот и стилот со кој настапуваше опозицискиот лидер покажува дека не само што нема политичка култура за дебати, туку нема ни елементарна култура и воспитување. Наредниот ден, тој, замолен да го коментира телевизискиот дуел, рече дека „се забавувал со Заев“!
Целата колумна на Манчо Митевски за Слободен печат на следниов ЛИНК.