Цветковиќ лута ги прозва МОН: Детето ми го пипнавте и за тоа ќе платите

Откако реагирав пред некој ден за програмата по Општество за 4 одделение, добивме продолжение. Мојата 9 годишна ќерка повторно дојде вознемирена дома со прашање- нели ти и тато ми рековте дека иако не живеете заедно ние сепак сме семејство? – пишува Ирена Цветковиќ, извршната директорка на Коалицијата Маргини на својот ФБ профил.
„БЕСНА СУМ, ЛУТА И НАВРЕДЕНА. ДЕТЕТО МИ ГО ПИПНАВТЕ И ЗА ТОА ЌЕ ПЛАТИТЕ. НЕ, СЕМЕЈСТВО НЕ Е МАЖ, ЖЕНА И ДЕЦА КОИ ЖИВЕАТ ЗАЕДНО!“ – порачува Цветковиќ.

Таа во својата објава го прозва Министерство за образование и наука, и им порача дека се брука и срам, но пред се` најсилниот апарат за уништување на луѓето во оваа одамна утепана земја.
Цветковиќ им порача да погледнат дефиниции ако не се во можност да разберете што значи да се биде семејство, да се искуси семеен живот и конечно да се разбере какви различни форми на семејство луѓето креираат и искусуваат. 

Ветувам дека ќе ги дознаам сите правни механизми и нема да се откажам од оваа битка додека вакви глупости не се исчистат од образовниот процес. – децидно завршува Цветковиќ. 

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e