Нешто околу “МЕТЛАТА”, која според мене а и други, треба да биде “КИРБИ” а потоа да се помине и со средства за дезинфекција и дератизација:
1. Зоран Заев ја има целокупната подршка од граѓаните и ќе продолжи да ја има ЗАТОА ШТО Е ЧОВЕК СО ДУША И СРЦЕ, ВИЗИОНЕР, СПОСОБЕН ПОЛИТИЧАР И ВИЗИОНЕР. Ја сака државата со срце и душа повеќе од било кого.
Без Зоран Заев, СДСМ нека си одземе минимум 40% од гласовите во прв круг. Минимум 100 000 гласа граѓаните ги дадоа само заради атар иљубов кон Заев, и 30 000 гласа заради Стево.
Не заборавајте!
Заев сруши режим кој што беше комплициран систем со многу равенки. Верувајте дека беше и опасен режим.
Ако Заев е добар човек и другар, не значи дека е наивен. Не заборавајте дека е најинформираниот човек во државата. А за способност и стратегија да не збориме, ако сруши режим, сигурно нема да дозвили, него да го измами некој партиски мангуп.
2. Пред некој од раководството да се обиде да говори за метла, па и да се става во улога на метлар, нека ја има на ум точка 1. Единствен кој има, а ќе добие дополнителен легитимитет е Зоран Заев. И точка. Народот подршката ја дава заради Заев. Точка.
3. Оние што се осеќаат загрозени, и знаат дека имаат зафркнато со ароганција, нека не прават фори со нарачани хвалоспеви за нив, колку биле добри и кооперативни, било по трибини било по ФБ.
Народот ги знае арогантните, а и Заев ги знае, тие фори не минуваат.
4. Оние што се надеваа дека го искористија Заев да ги донесе на власт, за преку византиски игри да му го земат местото, (преку опструкции на кампањата и други дворски игри), да си знаат:
4.1 Стево победува и без нив – заради Заев, народот масовно ќе даде подршка!
4.2 Сами си се номинираат за врвот на листата.
5. Драги пријатели:
Засукајте ги ракавите, сите до еден, и граѓани и членови и функционери!
Да се победи убедливо на 5-ти.
Немојте да се оптоварувате со МЕТЛАТА. Таа е во рацете на Заев и таму ќе остане.
Фокусот нека биде резултатот и победата, а за чистката има кој да мисли.
Верувајте ми…
Поздрав!
Фб статус на Ване Цветанов