НА САМИОТ ПОЧЕТОК НА ИЗБОРНА КАМПАЊА, одредени Невладини (“независни”) Организации СЕРИОЗНО ЈА НАПАДНАА ВЛАДАТА!
Пред да ја обвинат Владата за недоволни реформи, нека се погледнат самите себе, и нека дадат одговор на прашањето:
Што КОНКРЕТНО направија овие Невладини, за да помогнат во зајакнувањето на владеењето на правото?
Ако сакаме да го подобруваме општеството, секој од нас, треба да земе дел од товарот и одговорноста!
П.С
Дали не е чуден моментот, пред избори (да ја напаѓаат владеачката гарнитура), пред влез во НАТО и во моменти на очекување датум за преговори, да минираат со минимизирање на реформите во најважните области?
1. Овие Организации, си основаат коалиции и мрежи за оценки на правосудните реформи, БЕЗ ДА ПОКАНАТ Граѓански Организации кои се директни репрезенти на жртвите на Груевизмот. Во ваквите акции не се канат ниту Зелена Лупа ниту Комитет за заштита на правата.
2. Зелена лупа и КЗП, секојдневно се во комуникација со жртвите на Груевизмот, имаат илјадници членови, ги следат и судските процеси, и промените на законите, согласно Реформските приоритети на Владата. Но и тоа не вреди за оваа “НВО Елита”. Тие сами си даваат компетенции и легитимитет за давање на оцценки за работата на Владата!
3. КАДЕ БЕА ВО ВРЕМЕТО НА РЕЖИМОТ?
За време на Груевизмот, токму овие организации имаа годишни буџети во стотици илјади евра. За владеење на правото. Со исклучок на Хелсиншки комитет, граѓаните немаа ни слушнато дека постојат!
Ние пак, оние што не влечеа со лисици по судови од притвори, во Судници слушавме дека има присутни во судницата и од некоја Коалиција за правично судење, и очајно чекавме некаков медиумски настап од нив за она што го гледаа. А видоа многу… Но не излегоа во наша заштита.
До денес останува нејасно:
ЗОШТО ВО ВРЕМЕ НА ГРУЕВИЗМОТ ОВИЕ “БОРЦИ” НЕ КРЕНАА ГЛАС? Михајло Маневски го силуваше судството и со закони, и со злоупотреби, а овие организации молчеа?
4. Овие организации се целосно почитувани од Сегашната Влада, без разлика што НЕ ПОМОГНАА ВО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НИТУ ЕДЕН МОНТИРАН ПОЛИТИЧКИ СЛУЧАЈ ОД РЕЖИМОТ? Владата максимално ги почитува, а тие си земаат за право да злоуотребуваат со добрината, професионализмот и демократскиот пристап на Владата?
Кредибилност за давање на мислења во делот на реформски процеси во правосудниот систем СЕ ЦРПИ ОД ПРАКСА. Пак ќе речам, со исклучок на Хелсиншки, останатите Организации нека соберат 100 граѓани на кои им помогнале за 10 години. Еве ги повикувам јавно!
Самите нека си ги кажат вкупните годишни буџети, и нека кажат на колку граѓани помогнале со тие стотици илјади евра, што ги трошеле секоја година?
Единствена Организација која што подаде рака на жртвите на режимот е ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ и Слаѓана Тасева на чело. Но и нејзе не ја гледам во оваа компанија од “Борци за права и правда”…
5. Прашувам јавно:
Дали е фер, овие таканаречени “борци за правда” да плукаат неосновано, за да го покријат своето неработење со граѓани, да си ги оправдаат годишните буџети во стотици илјади евра, и да покажат ВИДЛИВОСТ, демек нешто работат?
ФБ статус на Ване Цветанов