Цветанов: ВМРО пред да започнат да плукаат лаги за Заев, заборавија да споменат за средбите на Мицко со Зоки Кичеец

Од врхушката на ДПМНЕ ќе имаат ли да кажат нешто за ова?
Па нели Заев беше вмешан во рекетот?

Ахх, ах… сиротите лицемерчиња од ДПМНЕ, колку се сироти и тажни… Знаејки дека Мицковски си ја има мувата на капата, лицемерчињата побрзаа да обвинат друг, по онаа народната, кога крадецот вели држте го крадецот.

Пред да започнат да плукаат лаги за Заев, заборавија да споменат, да кажат нешто за средбите на Мицко со Зоки Кичеец, а не кажаа ниту што биле темите на средбите и дали Мицко земал пари од рекетот.

Колку се гнасни и мизерни со нивните лаги и спинови. Сушат од лажење. Не покажаа никаква промена после Грујо, а сакаат власт. Зошто им треба власт, за нов режим и пропаганда?

Е тешко тоа. Народот знае да цени.

Фб реакција на Ване Цветанов по повод веста дека Заев прв ја известил Русковска за случајот „Рекет“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e