ДАЛИ ОРЦЕ КАМЧЕВ ЈА КУПИ КОНТРОЛАТА ВРЗ ДРЖАВАТА?
Дали Орце, кој што беше близок со Сашо Мијалков и Груевски, заедно што правеа планови и пљачкаа на секое поле во тандем,(опљачкаа НАД 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА за време на режимот), ги има во рака Грујо и Сашо? ДА. Бидејки има информации за Грујо и Сашо, ги држи во џеб со докази за многу криминали? Јас повторно велам ДА. Но не само Грујо и Сашо, в скут го седнал и Мицковски преку Зоки Кичевец…
Со последните случувања со Боки и Зоки Кичевец нешто не ми е Јасно.
Кого и со што уценила Катица за да не ја притворат? Значи освен Катица, Боки и Зоки Кичевац, во игра се и некои други големи риби и играчи, кои што пак имаат компромитирачки информации за други големи риби.
…………………………………..
После целиот есап, знаете како го гледам Орце?
Како фраер кој што купил политичари и влијателни фаци од двата политички табори, заедно сосе Судии и Јавни Обвинители за ситно.
Ги купил како кикирики на попуст, (две паковки на цена за една).
Зошто за ситно?
Орце има лапнато повеќе од една милијарда. Тоа се илјада милиони евра.
А целата операција, преку која стави в џеб или во заложништво 2 политички партии, не го кошташе ни 50 милиони евра вкупно.
Сега преку Вилма Русковска ќе си ги има во џеб сите политичари, бидејки во шемите што ги има направено, има во рака или високи политичари или нивни блиски луѓе.
Од овој месец Орце стана “Газда” на државата, не само за моментов, туку за следните 30 години.
Си го купи џоистикот за управување со државата за цена колку кикирики на попуст. Купи за џабе цена, заради ситната алчност и малодушност на одредени неизживеани како Ката, а очигледно има многу Катици и Бокиевци, па сега сите ги држи во заложништво.
И да, ако реши, сега и ќе затвара Орце. Кого сака, верувајте. Со другарка му Вилма, ќе стави КОГО САКА ВО ЗАТВОР. И НА КОЛКУ ГОДИНИ ЌЕ ПОСАКА, НА ТОЛКУ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ОСУДЕН СЕКОЈ ЗА КОЈ ЌЕ РЕШИ ОРЦЕ.
Тоа е вистината.
Болна ама реална.
П.С
Давањето пари за поткупување е кривично дело, исто како и земањето – рекетот.
Кога ќе го видам и Орце во друштво со Боки и Зоки Кичевец. До тогаш останува потврено горенапишаното.
П.П.С
Се сомневам дека за ваквата брилијантно одиграна мафијашка операција, преку која во џеб стави цела држава, му има помогнато менторот на Орце – Љубчо Георгиевски. Не е можно сам да успеал во ваквата валкана игра.