Цивил Медиа: Агендата на Мицкоски

-Агендата на Мицкоски е кратка и јасна – спас на Фамилијата, а по можност, како бонус, враќање на старите добри времиња на криминално владеење. За бонусот, тој нема капацитет да го избоксува, тоа попрво ќе биде последица на поинакви операции, а не на политичкиот успех на вакво вемеро, со вакво водство.

Како што тргнала работата, овие денови треба да очекуваме Мицкоски да излезе на прес конференција со барање изборите да се одложат и да се одржат најмалку една година подоцна од редовниот термин.

Не знам каков му е третманот по дома, но сигурно е дека надвор од шампитата веќе никој нормален не би требало да си дозволи луксуз да го сфати сериозно кога ќе се истопори на партиската говорница. Бескрајните тиради со квалификации што отсекогаш важеле само за неговата партија и неговиот шеф, одамна станаа здодевни. Добро де, политичарите го третираат како партнер во политичкиот дијалог, како фактор, како… нема врска, и онака во политиката ништо не е нормално… Веројатно, политичарите како Мицкоски дома ги третираат неспоредливо полошо отколку што ги третира владејачката партија. Кутрите, веројатно затоа се постојано пред говорница, да го добијат вниманието што им недостасува…

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа прочитајте ја на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e