Чупеска: Власта има патолошка опсесија со СДСМ

Професорката Ана Чупеска вели дека власта е опседната со опозицијата.
„ПОЛИТИЧКА ОПСЕСИЈА НА ДПМНЕ СО ОПОЗИЦИЈАТА Е ЗАГРЕОТА
Дајте да расчистиме со една работа која е веќе досадна до граница на политички морбидитет.
Владејачката партија покажува патолошка опсесија со активностите и историјата на опозицијата. Но, оваа фиксација не е случајна грешка, туку свесна, деструктивна стратегија.
1.ВМРО ДПМНЕ, покажува елементарна институционална незрелост/неспособност за суштинско управување; Имено, забораваат дека власта е дефинирана со програми и резултати, а не со континуирано критикување на претходникот.
И ова OCD de facto е признание за неспособностa да се испорачаат реформи.
2. Стимулирате и поларизација!Со постојаното држење на опозицијата како „главен непријател“, вие не водите политика – вие водите војна. Ова го уништува капацитетот на државата за национален консензус и ја претвора секоја дебата во племенска пресметка.

3. Бегате од Одговорност. Оти, опсесијата со СДСМ е најевтиниот трик за одвлекување на вниманието од сопствените неуспеси во економијата, борбата против корупцијата и европските интеграции.
Политичката зрелост значи да се престане со демагогијата и да се преземе контрола врз државата.
Какво е ова бесмисленото лутање!? Имате апсолутна власт и апсолутната одговорност.
Почнете да работите. Или признајте дека најголемата опозиција ви е всушност сопствената неспособност“, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e