Цените на горивата паѓаат, медиумите молчат!

Мора ли секогаш другите повеќе да нè ценат одошто тоа самите за себе го правиме?

Додека цените на бензините растеа (секаде) се отепавме од плачење дека само кај нас тоа се случува, затоа што само нашата Влада не носи мерки за заштита од ценовниот шок. И медиумите беа преполни со коментари за неспособноста на власта поради што мора да има избори. Ваквите ставови искажани во јавноста претежно ги декларира ВМРО-ДПМНЕ. Но она што чуди е што овие коментари се повеќе стануват и општо прифатени уредувачки позиции и на главните медиуми кои као важат за „про либерални” или како себеси се нарекуваат „независни”. Во прилог на ова говори и фактот што откако владините мерки профункционираа никој ништо не прокоментира во јавноста. Ниту опозицијата, ниту медиумите. Но затоа пак намалените цени во оваа држава во која за жал многумина не веруваат, ги забележаа медиумите од соседството. Тие во своите наслови објавија написи во кои се вели : Во мкд ….и тоа им го „тутнаа” под нос на своите Влади на кои им сугерираат да го применат моделот на македонската Влада. Нам ни станува чудно што како ретко кога досега Македонија е спомената во еден позитивен контекст во рамки на балканскиот медиумски простор. И ние треба да почнеме да гледаме кон себе со очите на другите. Затоа што најчесто се угледуваме на туѓото омаложувајќи го своето.

Во Македонија цените на горивата секогаш биле најниски во регионот, но и на прехранбените производи и тоа сите добро го знаат. Но овој пат во зенитот на енергетската криза како ретко кога досега македонскиот пример за намалување на ценовниот шок го споменуваат медиумите од регионот како повик до своите Влади за примена на истиот модел.

Целата колумна на Љубиша Николовски за Фронтлајн на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e