Царовска: Никогаш нема да одиме напред ако не го казнуваме и искорениме јавното линчување и етикетирање на жените

Ние жените ќе бидеме се погласни и се поприсутни на јавни клучни позиции каде што се носат одлуки за иднината на државата независно од обидите на шовинистите да го спречат тоа. Заедно ќе се бориме против сексизмот и шовинизмот во нашата држава.

Стоилковски е недостоен да биде на било каква функција, а уште помалку да има пристап до медиумите преку кои шири омраза и навреди.
Срамно и недолично е однесувањето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Ова е под секое ниво на политичка култура, под секое ниво на култура воопшто. Никогаш нема да одиме напред ако не го казнуваме и искорениме јавното линчување и етикетирање на жените.
Жени продолжуваме уште посилно да се бориме против силите што го влечат назад нашето општество! 

Фб реакција на Мила Царовска по повод објавата на Наум Стоилковски – потпарол на ВМРО ДПМНЕ

69347850_493772144502165_7492806159972171776_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e