Русија, Белорусија, Северна Кореја, Сирија и Еритреја.
Тоа се државите кои гласаа против Резолуцијата на ООН со која се осудува руската инвазија и се бара Русија “веднаш, комплетно и безусловно да ги повлече своите воени сили” од територијата на Украина.
Веќе никој не може оваа војна да ја извртува како судир на САД или НАТО против Русија.
Сега веќе станува збор за целиот свет, кој со огромно мнозинство, обединето одлучи дека не станува збор за никаква одбрана, ослободување на “свои” територии, демилтаризација или “денацификација”.
Акт на агресија и ништо помалку. Чин на еден луд диктатор, на кој не би му пречело да го обвие и светот во нуклеарна зима, бранејќи ги своите империјалистички аспирации.
Светот одлучи и завзема страна. Македонија одлучи и завзема страна. Сега е редот на сите оние кои се радуваат или ја оправдуваат инвазијата на Путин, да одлучат дали сакаат да сме дел од цивилизираниот свет, или дел од друштвото на Русија, Белорусија, Северна Кореја, Сирија и Еритреја.
Слава и’ на Украина!!!
п.с. Забележавте како НИКОЈ од Генералното Собрание на ООН не се обиде да ја блокира Резолуцијата со илјадници амандмани, бескрајни дискусии и сл? Тоа е бидејќи блокирањето на демократските институции преку мајтап со нивните процедури е најголема перверзија на демократијата.
Во ООН само Русија проба и успеа да блокира така – кога пред неколку дена Советот за Безбедност сакаше да усвои слична Резолуција, Русија го блокираше дневниот ред и не дозволи да почне седницата.
Звучи познато, нели?
Бидејќи тоа е тактика својствена за руските агресори и македонските опозиционери. Иста школа, исти вредности, исто подривање на демократијата.
ФБ статус на Павле Богоевски