Богоевски: Едната кандидатка претставува партија против која се боревме, другиот протестираше на улиците со нас!

Деновиве, двајцата кандидати зборуваат за и во име на Шарената Револуција. Тоа е сосема легитимно, дури и тоа беше поентата на самото движење – дека ни припаѓа на сите нас.

Но, едната кандидатка смета на поддршка од револуционерите и револуционерките, иако претставува партија чии лидер и политики беа директната причина за самата револуција. Таа не се огради од Груевски, ниту неговото владеење го нарече режим.

Другиот, протестираше на улиците со нас.

ФБ статус на Павле Богоевски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e