СДСМ е голема, државотворна партија која ја води државата напред секогаш кога практикува власт.
Затоа најважно од се е дека СДСМ мора да победува уште посилно, слабостите кои се јавуваат да ги отклонуваме, предностите да ги надградуваме.
Јас и моите другари во СДСМ се ставивме на располагање на партијата и на Претседателот кога беше најтешко, кога бевме во опозиција.
Да не заборавиме дека целта во 2016 година беше да се победи режимот.
И таа цел е остварена, а државата никогаш повеќе нема да биде упропастена и урнисана како што тоа и го направи ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сите треба да бидеме горди на тој историски успех.
Ние победивме и во 2016 и во 2017 и во 2019 година. Овие победи дојдоа поради единството и сплотеноста, поради истрајноста и макотрпната работа.
Овие победи несомнено ја исправија државата на прав пат.
На претседателските избори иако победивме, очекувавме подобри резултати и поголем број гласови, па затоа и ги понудивме нашите оставки пред Претседателот Заев. Бевме подготвени и со сопствен пример да покажеме дека дека сме овде да повлечеме потег за општо добро на граѓаните и државата.
Јас немам дилеми дека ќе продолжам да работам во партијата со цел реализација на програмските одредби, но и имплементација на социјалдемократските вредности во мојата секојдневна работа.
Како градоначалник ќе продолжам напорно да работам за да продолжи растот и развојот којшто Штип за прв пат го доживува. Во мојот град допрва доаѓаат крупни чекори и големи проекти. Заедно со граѓаните ќе носиме одлуки, заедно ќе ги реализираме тие проекти, заедно ќе се гордееме.
Затоа продолжуваме, сите заедно напред !
Фб статус на Благој Бочварски